ЗОИ2026: Злато за Австриецот Хамерле во сноуборд крос
- Австрискиот натпреварувач Алесандро Хамерле денеска го освои златниот медал во сноуборд крос на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Милано/Кортина. 12 февруари 2026 (МИА) – Австрискиот натпреварувач Алесандро Хамерле денеска го освои златниот медал во сноуборд крос на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Хамерле триумфираше во големото финале пред Канаѓанецот Еилот Грондон, кој го освои среброто, и Австриецот Јакоб Душек, кој се закити со бронзата.
Четвртото место во големото финале го освои Французинот Аидан Шоле. ег
ФОТО: ЕПА