• сабота, 14 февруари 2026

ЗОИ 2026: Носителот на злато Ејтрем изолиран од норвешката репрезентација

ЗОИ 2026: Носителот на злато Ејтрем изолиран од норвешката репрезентација

Милано, 14 февруари 2025 (МИА) – Норвешкиот лизгач Сандер Ејтрем е повлечен од националниот тим на Олимписките игри 2026 година поради симптоми на настинка.

- Можеме само да почекаме и да видиме како ќе тече неговото заздравување. Сè уште не знаеме колку е сериозно. Може да се заморите во трка, но ова беше нешто друго. Значи, тоа не е добар знак, изјави селекторот Бјарне Рике.

Претходно, 23-годишниот спортист освои злато на 5.000 метри брзо лизгање. Во петокот, Ејтрем заврши седми на 10.000 метри.

Лизгачите на Олимписките игри во 2026 година утре ќе го одржат четвртфиналето во екипна конкуренција, а полуфиналето и финалето се на 17 февруари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан