ЗОИ 2026: Нинг од Кина до златен медал со олимписки рекорд
- Репрезентaвецот на Кина Жонгјан Нинг е освојувач на златниот медал во дисциплината 1.500 метри брзо лизгање
Милано, 19.февруари 2026 (МИА) – Репрезентaвецот на Кина Жонгјан Нинг е освојувач на златниот медал во дисциплината 1.500 метри брзо лизгање. Тој патеката ја мина за 1:41.98 минута што е нов олимписки рекорд и на својата држава и го донесе третиот медал на овие Игри и тој е освојувач и на другите два медала (бронзи 1.000 метри и во „потера“).
До среброто стигна Американецот Џордан Столц, кој имаше најдобар последен круг на патеката и така стигна до второто место откако претходно на Игрите освои два златни медала во трките на 500 метри и 1.000 метри.
Бронзата му припадна на олимпискиот шампион од Пекинг и Пјонгчанг во оваа дисциплина Кјелд Нуис од Холандија.
За Кина ова беше трет златен медал во Милано Корина, а вкупно 10.ти на Игрите. Мн/
Фото: ЕПА