• сабота, 21 февруари 2026

ЗОИ 2026: Златен медал за Германката Маер во слободно скијање

ЗОИ 2026: Златен медал за Германката Маер во слободно скијање

Ливињо, 20.февруари 2026 (МИА) – Репрезентативката на Германија Даниела Маер во слободно скијање дисциплина ски крос го освои златниот медал. Таа во финалето беше најбрза и го оствари својот најголем успех откако пред четири години на Игрите беше четвртопласирана.

Сребрениот медал и припадна на Фани Смит од Швајцарија, додека бронзата ја освои олимписката шампионка од Пекинг Сандра Наеслунд од Шведска.

За Германија ова беше вкупно шести златен медал на Игрите во Милано Кортина или вкупно 18.ти медал.

Ова беше првата дисциплина на која денеска беа доделени медали. Мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан