• вторник, 17 декември 2024

ЗОИ: Кобајаши освои злато на малата скокалница

ЗОИ: Кобајаши освои злато на малата скокалница
Пекинг, 6 февруари 2022 (МИА) - Јапонецот Рјоју Кобајаши е победник на денешните скокови одржани на 90-метарската скокалница на Олимпијадата во Пекинг. Тој до златниот медал стигна со скокови од 104,5 и 99,5 метри и вкупно 275 освоени бодови. Второто место и сребрениот медал се за Мануел Фетнер со скокови 102,5 и 104 метри, доволно за 270,8 бодови. На победничкиот подиум се најде и полскиот ски-скокач Давид Кубцки со скокови 104 во првата и 103 метри во втората серија и освоени 265,9 бода. зс/

Остани поврзан