ЗОИ: Злато за руската женска штафета во крос-кантри на 4x5 км
- Руската женска репрезентација победи во штафетата 4х5 километри на Олимпијадата во Пекинг. Во составот на Русија беа Јулија Ступак, Наталија Непрјаева, Татјана Сорина и Викторија Степанова. П

Пекинг, 12 февруари 2022 (МИА) - Руската женска репрезентација победи во штафетата 4х5 километри на Олимпијадата во Пекинг. Во составот на Русија беа Јулија Ступак, Наталија Непрјаева, Татјана Сорина и Викторија Степанова. Победничките патеката ја мина за 53:41.0 минути.
За Русија ова беше трето злато на Зимските олимписки игри во Кина.
Германија го освои сребрениот медал со 18,2 секунди побавно време.
Бронзата и припадна на Шведска, која доцнеше зад руската штафета 20,7 секунди. зс/