• недела, 28 јули 2024

ЗОИ: Женската штафета на Канада и машката на Норвешка освоија злато во брзо лизгање

ЗОИ: Женската штафета на Канада и машката на Норвешка освоија злато во брзо лизгање
Пекинг, 15 февруари 2022 (МИА) – Штафетите на Канада и на Норвешка беа најбрзи во денешните натпревари во брзо лизгање екипно пурсуит. Канаѓанките во финалето беа побрзи од Јапонките поставувајќи нов олимписки рекорд – 2:53.44 минути, 11,03 секунди подобри од ривалките. Во дуелот за бронзата, Холандија беше поуспешна од Русија. Во машкото финале, Норвешка со време 3:38.08 минути беше поуспешна од Русија (3:40.46). Третото место и бронзениот медал им припадна на репрезентативците на САД кои беа побрзи од Република Кореја. зс/

Остани поврзан