• сабота, 31 август 2024

Злато за Георгиевски на Г2 турнирот во Тирана

Злато за Георгиевски на Г2 турнирот во Тирана
Тирана, 2 октомври 2022 (МИА) – Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски освои златен медал на Г2 турнирот „Албанија опен“. Георгиевски до златото дојде со две убедливи победи, во финалето го демолираше олимпиецот и медалист од Светското првенство Иван Трајковиќ од Словенија. Покрај Георгиевски, медал во Тирана освои уште еден Македонец. Филип Додевски со две ефективни победи и исклучително тесен пораз во финалето од Сулејманов од Азербејџан дојде до сребрениот медал. „Одиме во Париз 2024 со сите македонски срца“, напиша на Фејсбук тренерот Драко Костовски. зс/

Остани поврзан