• понеделник, 16 декември 2024

Златна „Камера 300“ за германската кинематограферка Џудит Кауфман

Златна „Камера 300“ за германската кинематограферка Џудит Кауфман

Битола, 27 септември 2024 (МИА) - Џудит Кауфман од Германија, кинематограферка во филмот „Наставничка канцеларија“ е годинашна добитничка на златна „Камера 300“ што ја доделува ИФФК „Браќа Манаки“.

Стручното жири одлучи највиското фестивалско признание да и го додели на Кауфман заради одличната кинематограферска поддршка и конзистентна слика која како што рече претседателот на жирито Џон Сил, кинематограферката Кауфман меѓепснички ја прикажа драмата во сценариото на филмот „Наставничка канцеларија“.

Џудит Кауфман е наградувана кинематограферка  позната во филмовите „Корсаж“ (2022), „Мојата прекрасна ванда“ (2020), „13 минути“ (2015), „Меѓу световите“ (2014), „Два живота“ (2012), „Кога заминуваме“ (2010), „Четири минути“ (2006) и „Скршено стакло“ (2002), а во моментов снима нов филм и затоа не присуствуваше на свеченоста во Битола.

Со исти професионални обврски надвор од Битола се и добитниците на сребрената „Камера 300“ која ја ја доби Ранабир Дас од Индија, кинематографер во филмот „Се’ што замислуваме како светлина“, додека бронзената „Камера 300“ ја освои Расмус Видебек од Данска, кинематографер во филмот „Ветената земја“. Со одлука на жирито, специјално признание вечерва беше доделено на кинематограферот Пабло Лозано, а наградата ја врачи министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

ИФФК „Браќа Манаки“ година внесе повеќе фестивалски новини и додели награди за креативна синергија и соработка во филмот која ја примија Алис Брукс и Дејвид Смит, наградата во категоријата Европска Lo-Cap програма му припадна на Витаутас Каткус, наградата за најдобар кинематографер во категоријата документарен филм ја доби Хатем Нечу, за најдобар кинематографер во категоријата краток филм беше прогласен Хелсио Алемао, а награда доби и кинематограферот Марго Бесон кој со филмот „Ананси“ се натпреваруваше во студентската програма.

Организаторот посебно признание „Пионер во професијата“ додели на кинематограферката Ненси Шрајбер која се заблагодари на градот и фестивалот за приемот во Битола и Македонија.мт/са/

Фото: МИА  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан