• сабота, 23 ноември 2024

Златен медал за семејната винарија Марков на Балканскиот меѓународен натпревар за вино кој се одржа во Белград

Златен медал за семејната винарија Марков на Балканскиот меѓународен натпревар за вино кој се одржа во Белград
Неготино, 26 септември 2020 (МИА) - Златен медал освои семејната винарија Марков од Неготино на Балканскиот меѓународен натпревар за вино што се одржа во Белград, информираше вечерва сопственикот Зоран Марков. Станува збор за меѓународен натпревар за вино BIWC 2020. Златото е  за  виното ,,вранец” .  Марков нагласи дека ова е доказ дека сонот понекогаш станува јаве. -Огромна е љубовта да се создаде  божествениот пијалак - црвеното вино. Човек едноставно треба да ужива кога креира вакво незаборавно искуство за сите сетила. Бојата на црвеното вино ,,вранец” е онаа основна дегустациска нота која веднаш ја забележува сечие човечко око. Балансот на неговата арома е знак за квалитет што се усовршува со интуиција и страст. Така, конечно се доведува до врвот, до совршенство. И како што рекол Бенџамин Френклин: "Виното е постојан доказ дека Господ нѐ сака и сака да нѐ гледа среќни". Пиете и уживајте во виното ,,вранец” на винарија Марков. Шишето вино треба да биде споделено, додаде тој. Маркови имаат освоено и други награди и признанија за производите во нивната семејна винарија,  која ја продолжува долгогогодишната фамилијарна традиција.свд/скс/

Остани поврзан