• понеделник, 23 декември 2024

ЗКРСМ со свои барања за новиот закон за средно образование

ЗКРСМ со свои барања за новиот закон за средно образование

Куманово, 16 април 2024 (МИА) - ЗКРСМ испрати барање до Владата за промена на новиот закон за средно образование кој ќе обезбеди субвенционирање на занаетчиите при обука на средношколците и обука за занаетчиите за квалитетно изведување на наставата информираа, денеска надлежните од комората.

-Во барањето кое ЗКРСМ го испрати до Владата беше наведено дека треба да инвестираме и во субвенционирање на занаетчиите кои се даватели на практична настава и кои учествуваат во процесот на дуалното образование со одреден дел од средства на месечно ниво. Само на тој начин кога го вреднуваме нивниот труд, работата и посветеност, а од друга страна и нивните трошоци за набавка на материјали потребни за изведување на практичниот дел од наставата на учениците ќе имаме две задоволни страни и краен продукт професионален кадар подготвен за пазарот на трудот. Клучно е да останеме флексибилни и отворени за промени и да ја искористиме шансата да ги унапредиме нашите програми и практики. Верувам дека со заеднички напори ќе успееме да ги постигнеме нашите цели и ќе им обезбедиме на учениците најдобро можно искуство во практичниот дел од образованието, изјави извршната директорка на комората, Јелена Спасова. ам/ир

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан