• вторник, 17 декември 2024

Зиех се согласи да се пресели во ПСЖ

Зиех се согласи да се пресели во ПСЖ

Париз, 31 јануари 2023 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Хаким Зиех би можел да ја продолжи кариерата во ПСЖ.

Како што објави новинарот Фабрицио Романо, клубовите се уште разговараат за евентуалниот трансфер на 29-годишниот Мароканец. Самиот играч се согласува на трансфер во парискиот клуб. Дополнителни разговори ќе има денеска.

Зиех оваа сезона забележа 15 настапи во сите натпреварувања и има една асистенција. Неговиот договор со Челзи е до летото 2025 година.

Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 20 милиони евра. зс/

Остани поврзан