• недела, 01 септември 2024

Зидан: Натпреварот со Реал Сосиедад е како финале

Зидан: Натпреварот со Реал Сосиедад е како финале
Мадрид, 5 февруари 2020 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан очекува тежок натпревар за неговата екипа на Реал Мадрид против Реал Сосиедад во четвртфиналето на Купот на Шпанија во четвртокот вечер. Францускиот стратег одби да коментира за кризата во Барселона, претпочитајќи да се фокусира на настапите на „белите“. - Натпреварот утре е како финале, а не четвртфинале. Никој нема да ни даде ништо. Тие се добар тим и го покажаа тоа многу пати. Мислам само за утре, изјави Зидан за медиумите. Французинот е сигурен дека шампионот Барселона ќе се бори за секој трофеј и покрај малата криза во која падна тимот. - Не сакам да зборувам за другите тимови. Нормално е Барселона да се бори за сè до крајот на сезоната. Тие тешко ќе покажат слабости, но сега не размислуваме за тоа. Сè уште не сме освоиле ништо. Може апсолутно се да се случи во фудбалот. Силните секогаш ќе бидат силни, рече Зинедин Зидан.

Остани поврзан