Зидан: Јас сум одговорен за поразот, го избрав тимот
- Шампионот на Украина одигра одлична партија и зеде поени од стадионот „Алфредо ди Стефано“, а Зидан по мечот изјави дека самиот тој ја сноси вината.
Мадрид, 21 октомври 2020 (МИА) - Зинедин Зидан, тренерот на Реал, ја прифати одговорноста за неуспехот на кралскиот клуб на почетокот од Лигата на шампионите и поразот од Шахтјор (2:3).
Шампионот на Украина одигра одлична партија и зеде поени од стадионот „Алфредо ди Стефано“, а Зидан по мечот изјави дека самиот тој ја сноси вината.
- Она што се случи ме вознемири. Се работи и за мене, јас сум одговорен. Не ја видов тимската игра што ја посакував, а кога не го гледате крајниот резултат, вие сте виновни. Тие се на терен и им требаат решенија, рече Французинот.
Тој е свесен дека тоа е само почеток на натпреварувањето, но никој не очекуваше пораз во Мадрид.
- Тоа е лош момент за целиот тим. Покажавме борбеност во второто полувреме. Играчите се вознемирени, тие се шампиони, тоа чувство е нормално. На мене е да најдам решенија бидејќи вакви работи не смеат да ни се случуваат, вели тренерот на Реал.
Тој рече дека тимот нема доверба.
- Кога ќе ви постигнат три гола за половина час, по нашата грешка при првиот гол, тоа е доволно тешко. Ни недостасуваше малку од сè, пред се во самодовербата, што е најважно, додаде Зизу.