• вторник, 24 декември 2024

Зидан по елиминацијата од Купот: Овој пораз не менува ништо

Зидан по елиминацијата од Купот: Овој пораз не менува ништо
Мадрид, 7 февруари 2020 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, беше разочаран откако загуби од Реал Сосиедад и испадна од Купот на Шпанија, но истакна дека не видел причина да прави големи промени на тактиката, како резултат на еден пораз. - Ова е фудбал. Понекогаш има натпревари кога ништо не оди. Се обидовме до последно и не се откажавме од барање на пресврт. Дури и на 1:4 верувавме дека можеме да го постигнеме. Сè што треба да направиме е да му честитаме на противникот. Мора да го прифатиме поразот. Игравме лошо во првото полувреме и направивме многу грешки. Реал Сосиедад играше многу добро, рече Зидан веднаш по мечот. На прашањето дали е ова неговиот најлош ден како тренер на Реал, Зизу вели: „Како игра - не, но како резултат - да. Не е убаво да примите 4 гола на свој терен, но во исто време сум сигурен дека не треба да менуваме ништо. Ние ќе продолжиме да ги правиме истите работи како порано. Јасно е дека во текот на сезоната се среќаваме со многу силни противници и не можеме секогаш да победуваме. Реал Сосиедад го заслужи успехот“.

Остани поврзан