• вторник, 24 декември 2024

Зејн Малик и Џиџи Хадид не се веќе заедно, а пејачот обвинет за насилство

Зејн Малик и Џиџи Хадид не се веќе заедно, а пејачот обвинет за насилство
Лос Анџелес, 29 октомври 2021 (МИА)Мајката на познатата манекенка Џиџи Хадид, Јоланда тврди дека пејачот Зејн Малик ја удрил минатата недела, во жарот на расправија. Тој доскоро ѝ бил партнер на нејзината ќерка, а мајката размислува да поднесе кривична пријава против него. Зејн подоцна, во „ТМЗ“ се огласи за инцидентот. - Јас сум приватно лице и не сакав ова да излезе во јавност. Во обид да ја заштитам нашата ќерка, се согласив да ги оспорам наводите што произлегуваат од расправијата што ја имав со мајката на мојата партнерка, што влезе во нашиот дом додека мојата партнерка беше отсутна. Тоа се случи пред неколку недели, раскажува тој. Пејачот смета дека тоа треба да биде приватна работа, што подобро не требало да протече во медиумите. - И покрај моите напори да нè вратам сите нас во мирна семејна средина, што треба да ми овозможи да ја воспитам ќерка ми онака како што таа заслужува, негирам дека ја удрив Јоланда и одбивам да дадам дополнителни подробности. Се надевам дека Јоланда ќе ги преиспита своите лажни обвинувања и ќе се сврти кон решавање на семејните проблеми приватно, заклучи тој. Зејн Малик и Џиџи Хадид заедно ја имаат едногодишната ќерка Каи, а по обвинувањата на Јоланда, откриено беше дека двојката долго време веќе не е заедно. Почнаа да се гледаат во 2015 година, а раскинаа три години подоцна. По кусо, тие повторно беа заедно. Нивната ќерка се роди во септември лани, а се чини, годинава се разделиле повторно.  си/сд/

Остани поврзан