• понеделник, 16 декември 2024

Зечевиќ во Тетово: Солидарноста и државотворноста се постулатите на СДСМ

Зечевиќ во Тетово: Солидарноста и државотворноста се постулатите на СДСМ
2 ноември 2022 
Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ денеска ги продолжува теренските активности и посети на градовите и општинските организации на партијата ширум земјава.
Зечевиќ попладнево одржа работен состанок со членовите на општинската организација на СДСМ во Тетово, каде со присутните разговараше и за повеќе актуелни теми.
Зечевиќ порача дека државотворноста и солидарноста се постулати на СДСМ, а европските вредности, визијата и државничките одлуки се одликата на четирите букви на партијата.  Да се биде дел од СДСМ, додаде Зечевиќ, значи да се биде на вистинската страна, да се носат државнички одлуки и политики.
-Државотворноста и солидарноста се наши постулати. Со гордост може да кажеме дека 31 години СДСМ е на вистинската страна на историјата и на македонската држава. Затоа придонесот на секој поединец од партијата го вреднуваме, затоа што секој член на СДСМ е вграден во тие процеси кои се државнички, рече Зечевиќ.
Како партија која почитува на вредностите на НОБ и антифашизмот, наша следна цел, следна политичка борба, на оваа генерaција македонски политичари е полноправно членство во ЕУ. Како Македонци, со заштитен македонски јазик и идентитет. Тоа е концетот за Европска Македонија кој денеска е современ, вистински патриотизам, додаде Зечевиќ.
Генералниот секретар на СДСМ потенцираше дека СДСМ е консолидирана и повторно на победничките патеки.
- СДСМ е повторно на победничките патеки и целосно консолидирана. Резултатите од вонредените локални избори го потврдија тоа. Убедливо победивме во Маврово и Ростуше и Центар Жупа а овде во Тетово ја намаливме разликата со ВМРО-ДПМНЕ додека соодносот на советници го задржавме. Победата на овие вонредени избори, според бројот на освоени гласови во сите три места каде што се случија испраќа порака дека кај граѓаните е јасно издиференцирана потребата да се отрфлат блокади и деструкции и да се поддржат државнички политики, рече Зечевиќ.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан