• понеделник, 23 декември 2024

Зетот на Нусрала е убиен во израелски воздушен напад врз главниот град на Сирија

Зетот на Нусрала е убиен во израелски воздушен напад врз главниот град на Сирија

Дамаск, 3 октомври 2024 (МИА) - Зетот на починатиот лидер на либанската милитантна група Хезболах, Хасан Нусрала, Хасан Џафар Касир, е убиен во израелски воздушен напад врз резиденција во сирискиот главен град Дамаск, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија.

Во соопштението се наведува дека во израелски напад е погоден првиот кат од трикатната зграда каде доаѓале лидери на Хезболах и Иранската револуционерна гарда, при што загинале три лица, двајца либански државјани и еден Сириец, а се повредени најмалку четворица чиј идентитет останува непознат.

Сириското Министерство за одбрана соопшти дека тројца цивили се убиени, а тројца се повредени во нападот, што беше изведен од Голанската висорамнина окупирана од Израел.

Израелските сили го убија Насрала на 27 септември во воздушен напад врз Бејрут. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан