• сабота, 04 јануари 2025

Земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди Нова Ирска

Земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди Нова Ирска

Порт Морсби, 2 јануари 2025 (МИА)  - Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди островот Нова Ирска, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Земјотресот се случил утринава во 7 часот и 6 минути на длабочина од 10 километри.

На веб-страницата ЕМСЦ се наведува дека земјотресот се случил на 70 километри од градот Рабаул во Папуа Нова Гвинеја. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан