Земјотрес со јачина од 6,8 степени го потресе Мексико, почувствуван и во главниот град
- Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе Мексико, на истиот ден кога два силни земјотреси ја погодија земјата во 1985 и 2017 година.

Мексико Сити, 19 септември 2022 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе Мексико, на истиот ден кога два силни земјотреси ја погодија земјата во 1985 и 2017 година.
Националниот институт за сеизмологија соопшти дека епицентарот на потресот што е почувствуван и во престолнината бил во западно Мексико во државата Мичоакан.
„Искрено се надеваме дека ништо сериозно не се случило“, напиша на Твитер мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор. аб/дма/