• вторник, 24 декември 2024

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтер ја погоди Венецуела

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтер ја погоди Венецуела

Каракас, 23 јуни 2024 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди рано изутринава Венецуела.

Земјотресот се случил на длабочина од 84 километри, се наведува на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 41 километар северозападно од градот Гуирија и 82 километри североисточно од градот Карупано.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан