Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди кинескиот регионот Ксинџијанг
- Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на автономната ујгурска област Ксинџијанг, на крајниот северозапад на Кина, соопшти денеска Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), пренесуваат британските медиуми.

Пекинг, 7 април 2024 (МИА) - Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на автономната ујгурска област Ксинџијанг, на крајниот северозапад на Кина, соопшти денеска Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), пренесуваат британските медиуми.
Во соопштението се наведува дека земјотресот бил на длабочина од 24 километри. мс/
фото: МИА архива