Земјотрес со јачина од 4,1 степени во близина на Лисабон
- Земјотрес со јачина од 4,1 степени погоди град во близина на португалската престолнина Лисабон, соопшти Португалскиот институт за морски и атмосферски истражувања.
Лисабон, 19 феруари 2026 (МИА) - Земјотрес со јачина од 4,1 степени погоди град во близина на португалската престолнина Лисабон, соопшти Португалскиот институт за морски и атмосферски истражувања.
Институтот соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓал приближно четири километри западно-северозападно од градот Аленкер, кој е оддалечен околу 45 километри од Лисабон.
„Ќе бидат издадени дополнителни изјави доколку ситуацијата го бара тоа“, соопшти агенцијата. мс/ми/
фото: Архива