• понеделник, 23 декември 2024

Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен

Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен

Скопје, 9 ноември 2024 (МИА) - Земјотрес со јачина од 2,9 степени во околината на Ресен регистрирал Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).  

Епицентарот на земјотресот бил на 17 километри северно од Ресен и на длабочина од околу 12 километри.

-Земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала утрово  е регистриран во земјава во 05:56 часот по локално време, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). сст/

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан