• вторник, 24 декември 2024

Земјотрес со јачина од 2,4 степени по Рихтер во подрачјето Штип - Радовиш

Земјотрес со јачина од 2,4 степени по Рихтер во подрачјето Штип - Радовиш

Скопје, 14 јуни 2024 (МИА) - Земјотрес со локална магнитуда од 2,4 степени по Рихтер е регистриран вечерва во 19.54 часот со епицентар во подрачјето Штип - Радовиш, 68 километри југоисточно од Скопје.

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека според досегашните податоци со кои располага, земјотресот е почувствуван од населението во градот Штип и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. хс/лв/

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан