• понеделник, 23 декември 2024

Земјотрес од 6,2 степени во Тонга

Земјотрес од 6,2 степени во Тонга

Вашингтон, 27 јануари 2022 (МИА) - Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди Тонга, само неколку недели по разорната вулканска ерупција и цунами.

Земјотресот се случил на 219 километри северозападно од Пангаи во Тонга, соопшти Геолошкиот институт на САД, а епицентарот бил на длабочина од 14,5 километри.
Нема информации за штети од земјотресот, а комуникациите во регионот се уште се сериозно нарушени откако неодамнешната вулканска ерупција го прекина подводниот интернет кабел, кој уште се санира.
Меѓутоа, Националната метеоролошка служба, лоцирана во блиската Американска Самоа, соопшти дека немало цунами, што значи дека штетите најверојатно нема да бидат големи, пишува Дејли Мејл. паг/
 

Остани поврзан