• сабота, 23 ноември 2024

Земјотрес од 6,2 степени во Токио, нема опасност од цунами

Земјотрес од 6,2 степени во Токио, нема опасност од цунами

Токио, 26 мај 2023 (МИА) - Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Токио и околните области на источна Јапонија, но нема опасност од цунами.

Земјотресот се случи во 19 часот и 3 минути, а според Јапонската метеоролошка агенција епицентарот бил на длабочина од околу 50 километри од источниот брег на Чиба.

Не се регистрирани нарушувања во нуклеарната централа Токаи 2, лоцирана во Ибараки, североисточно од Токио, објави нејзиниот оператор. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан