• понеделник, 23 декември 2024

Земјотрес од 6,6 степени во Индонезија

Земјотрес од 6,6 степени во Индонезија
Џакарта, 7 јули 2020 (МИА) - Земјотрес со јачина од 6,6 степени утрово ја погоди Индонезија, соопшти Американскиот геолошки институт. Епицентарот на земјотресот беше крај брегот на индонезискиот остров Јава, на околу 100 километри од местото Батанг и на длабочина од 500 километри. Институтот соопшти дека постои мала веројатност дека имало жртви во земјотресот и дека е причинета материјална штета. Индонезија се наоѓа во Огнениот појас на Пацификот, област на силна сеизмичка активност и вулкански ерупции. паг/  

Остани поврзан