Земјотрес од 5,6 степени според Рихтер ја погоди северна Калифорнија
- Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска крај бреговите на северна Калифорнија, соопшти Американскиот геолошки институт.

Сaкраменто, 21 мај 2023 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска крај бреговите на северна Калифорнија, соопшти Американскиот геолошки институт.
Земјотресот се случил во 11:44 часот по локално време, на повеќе од 100 километри западно од Ферндејл во округот Хумболт, додаде Американскиот геолошки институт. рп/
Фото: МИА архива