• среда, 25 декември 2024

Земјотрес од 5,1 степен го погоди Истанбул, нема информации за жртви

Земјотрес од 5,1 степен го погоди Истанбул, нема информации за жртви

Истанбул, 4 декември 2023 (МИА) - Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во реонот на Истанбул.

Земјотресот се случил во 10:42 часот по локално време и е силно почувствуван во многу области на градот, главно долж брегот на Мраморното Море, како и во градовите Бурса, Коџаели и Јалова.

Опсерваторијата Кандили во Истанбул соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во заливот Гемлик во Мраморното Море, на длабочина од девет километри.

Гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул изјави дека нема извештаи за жртви или штети во градот.

Турските телевизиски канали јавија дека земјотресот предизвикал страв кај населението во голем број области на Истанбул, главно на азискиот брег. паг/

Фото: МИА архива



 

 

Остани поврзан