• сабота, 23 ноември 2024

Земјотрес од 5,1 степени според Рихтер регистриран во близина на брегот на Тајван

Земјотрес од 5,1 степени според Рихтер регистриран во близина на брегот на Тајван

Тајпеј, 4 април 2024 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 5,1 степен е регистриран во близина на брегот на Тајван, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и 25 километри северно од градот Хуалиен, со население од околу 350 илјади луѓе.

Нема извештаи за жртви или материјална штета. Не е прогласена опасност од високи бранови цунами.

На 3 април Тајван го погоди најсилниот земјотрес во последните 25 години. Потрес со јачина од 7,2 степени во округот Хуалиен беше почувствуван низ целиот остров. Според сеизмолозите, епицентарот бил во близина на источниот брег на Тајван, на 25 километри југоисточно од градот Хуалиен. Земјотресот бил почувствуван во провинциите Фуџијан и Џиангси во источна Кина. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан