• понеделник, 23 декември 2024

Земјотрес во југоисточна Турција

Земјотрес во југоисточна Турција
Истанбул, 4 август 2020 (МИА) - Земјотрес со јачина од 5,7 степени денеска ја погоди провинцијата Малатија во југоисточна Турција, соопшти Институтот за истражување земјотреси и опсерваторијата Кандили. Земјотресот се случил на длабочина од пет километри. Градоначалникот на Путурга, каде што е епицентарот на земјотресот, за телевизијата Си-Ен-Ен Турк изјави дека земјотресот предизвикал некои штети, но нема извештаи за евентуални жртви или повредени. Турската дирекција за вонредни состојби соопшти дека земјотресот бил со јачина од 5,2 степени. паг/      

Остани поврзан