• среда, 25 декември 2024

Земјоделските култури во фаза на зимско мирување, засега ги издржуваат негативните температури

Земјоделските култури во фаза на зимско мирување, засега ги издржуваат негативните температури

Скопје, 18 јануари 2024 (МИА) - Негативните минимални температури што изминатите денови ја зафатија државата, беа во границите на издржливост на земјоделските култури. Според агрометеоролзоите, зимските форми на жита ги поднесуваат овие температури, а овошките се наоѓат во фаза на длабоко зимско мирување, каде животните функции (дишење, транспирација) се сведени на минимум, но не се прекинати.

-Во овој период овошките бараат одредена сума на ниски температури за да можат нормално да вегетираат идната година. Останатите земјоделски култури исто така бележат стагнација, нема развој и се во зимско мирување. Појавата на снег на планините ги зголемува резервите на вода кои би ги пододбриле хидролошките услови, велат агрометеоролзоите од УХМР.

Како што оценуваат, повремениот локален дожд и засилениот јужен ветер денеска и утре ќе придонесат температурите да бидат во значителен пораст. Промена на времето се очекува во сабота кога под влијание на влажен и студен бран ќе дува засилен северен ветер и ќе има врнежи кои на повеќето места ќе бидат од снег. Се очекува и формирање снежна покривка и во некои пониски места. Минималната температурата ќе се движи во интервал од -8 на повисоките места до 8 степени, а максималната температурата од 18 до -2 степена. мч/дма/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан