• понеделник, 23 декември 2024

Земан: Западот мора цврсто да одговори доколку Путин употреби нуклеарно оружје

Земан: Западот мора цврсто да одговори доколку Путин употреби нуклеарно оружје
Прага, 5 октомври 2022 (МИА) - Чешкиот претседател Милош Земан предупреди дека постои „сериозен ризик“ од нуклеарен конфликт поради војната во Украина, јави ДПА. Според неговото мислење, Западот треба да го предупреди Кремљ дека доколку таму се употреби нуклеарно оружје, ќе има „енергичен воен одговор“. - Со сите последици што ова може да ги има, додаде 78-годишниот политичар денеска во Прага на маргините на средбата со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани. Двајцата склучија договор за продлабочување на економската соработка. Чешката Република се надева, преку можни испораки на течен природен гас (LNG) од Емиратот, да стане понезависна од руските енергетски превозници. Катар е најголемиот извозник на ЛНГ во светот. ссм/

Остани поврзан