• понеделник, 23 декември 2024

Зеленски ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата во Украина

Зеленски ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата во Украина
Киев, 18 мај 2022 (МИА) – Со нов Указ на украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска за 90 дена е продолжена вонредната состојба и мобилизацијата во земјата, а важноста на одлуката е од 25 мај, јави Би-Би-Си. Текстот на одлуката на Зеленски е испратен до украинскиот Парламент и мора да биде одобрен од најмалку половина од пратениците. Вонредна состојба во Украина беше воведена на 24 февруари, на денот кога Русија изврши инвазија врз земјата. Првичниот рок од 30 дена досега е двапати продолжуван. Првиот Указ на украинскиот претседател за мобилизација беше донесен на 90 дена и се однесуваше на сите региони во земјата. Украинскиот  министер за одбрана, Олексеј Резников, минатата недела изрази надеж дека ќе се вооружат милион борци, додека земјата се подготвува за „нова, долга фаза на војната“. сд/

Остани поврзан