• недела, 25 август 2024

Зеленски: Украинските трупи имаат целосна контрола над рускиот град Суџа во областа Курск

Зеленски: Украинските трупи имаат целосна контрола над рускиот град Суџа во областа Курск

Киев, 15 август 2024 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави денеска дека украинските трупи имаат целосна контрола над рускиот град Суџа во областа Курск.

Во градот, кој е најголем кој Украина наводно го зазела досега, пред војната живееле околу 5.000 луѓе.

Природниот гас тече од западносибирските гасни полиња преку цевководи кои минуваат низ Суџа и ја преминуваат украинската граница за да влезат во украинскиот систем. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан