• вторник, 24 декември 2024

Зеленски: Украина ќе се врати во Донбас

Зеленски: Украина ќе се врати во Донбас

Киев, 29 авгут 2022 (МИА) - Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе се врати во Донбас.

Во видео обраќањето, по повод Денот на градот Доњецк и Денот на рударите, кои се слават во Украина последниот викенд во август, Зеленски рече дека Украина не заборавила и нема да заборави ниту еден свој град и ниту еден свој човек.
„Доњецк отсекогаш бил еден од најбогатите и најмоќните градови во Украина“, рече Зеленски. Според него, Донбас сега е речиси уништен од руските напади. „Но, Украина ќе се врати. Задолжително. Ќе се врати достоинството на жителите на Донбас. Тоа ќе биде симболизирано со нашето украинско знаме кога ќе го поставиме во Доњецк, Горловка, Мариупол, во сите градови на Донбас и регионот Приазов, во сите области под руска окупација: Харков, Запорожје, Керсон. И секако – на Крим. Украина памети се“, рече Зеленски. паг/  

Остани поврзан