• среда, 25 декември 2024

Зеленски: Украина треба да ја зајакне противвоздушната одбрана за да ги заштити луѓето

Зеленски: Украина треба да ја зајакне противвоздушната одбрана за да ги заштити луѓето

Киев, 24 ноември 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Украина треба да ја зајакне својата противвоздушна одбрана за да ги заштити луѓето откако нејзините единици за противвоздушна одбрана соборија 50 од 73 руски беспилотни летала лансирани во текот на ноќта во многу региони.

„Предупредување (за напад) имаше речиси секојдневно низ цела Украина оваа недела. Во текот на изминатата недела, Русија употреби повеќе од 800 водени воздушни бомби, околу 460 дронови и повеќе од 20 проектили од различни типови, објави Зеленски на Телеграм. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан