• понеделник, 23 декември 2024

Зеленски свика вонредна седница на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана по уривањето на браната Нова Какховка

Зеленски свика вонредна седница на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана по уривањето на браната Нова Какховка

Киев, 6 јуни 2023 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски свика итен состанок на Советот за национална безбедност и одбрана поради експлозијата на браната Нова Какховка, во јужна Украина, јави на Твитер секретарот на Советот Олексеј Данилов, цитиран од британските медиуми.

„Руското уривање на ѕидот од браната Нова Какховка е екоцид, но националните и регионалните власти работат на обезбедување на безбедноста на локалните жители“, напиша на социјалната мрежа Телеграм шефот на администрацијата на украинскиот претседател Андриј Јермак.

Тој додаде дека руските активности околу браната, исто така, претставуваат закана и за блиската нуклеарна централа Запорожје, без да наведе конкретни детали. сд/

Остани поврзан