Зеленски: Руски ракети би можеле да паднат врз земји-членки на НАТО
- Претседателот на Украина, Володимир Зеленски повторно го повика НАТО да воспостави зона на забранети летови над неговата земја, предупредувајќи дека во спротивно руски ракети би можеле да пад

Киев, 14 март 2022 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски повторно го повика НАТО да воспостави зона на забранети летови над неговата земја, предупредувајќи дека во спротивно руски ракети би можеле да паднат врз земјите-членки.
- Ако не го затворите нашето небо, прашање на време е кога руските ракети ќе почнат да паѓаат на вашата територија, на територијата на НАТО, изјави Зеленски.
Неговата изјава уследи откако вчера руските сили ја рекетираа воената база Јаворив, што е лоцирана во близина на границата со Полска и вообичаено се користеше за обука и заеднички вежби на украинската војска и нејзините партнери од НАТО. Во нападот загинаа 35 луѓе, а повредени со над 130. ми/