• среда, 20 ноември 2024

Зеленски разговараше со Марин, ЕУ може да го зголеми фондот за Украина

Зеленски разговараше со Марин, ЕУ може да го зголеми фондот за Украина

Киев, 10 март 2023 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Киев разговараше со финската премиерка Сана Марин за прашањата на одбраната и безбедноста, обновувањето на Украина и санкциите против Руската Федерација.

„Клучна тема на денешните разговори беа одбраната и безбедноста, тоа е приоритет“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со Марин.

Тој изрази благодарност до Финска за воената помош за Украина и уверување дека двете земји ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката, пренесе „Укринформ“. 

ЕУ наскоро може да го дополни фондот за купување оружје за Украина до 3,5 милијарди евра, изјави денеска висок претставник на Унијата.

Според планот, изготвен од високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, земјите-членки на ЕУ ќе добијат финансиски стимулации во вредност од една милијарда евра да испратат повеќе артилериска муниција во Киев, додека со уште една милијарда евра ќе се финансира заедничката набавка на нови ракети.

„Доколку има договор за овој пакет од две милијарди евра, ресурсите од Европскиот мировен фонд ќе бидат исцрпени“, рече официјалниот претставник.

Според него, земјите-членки треба да одлучат дали и кога сакаат да спроведат нов можен врв од 3,5 милијарди евра за помош на Украина. рп/

 

 

Остани поврзан