• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Зеленски пристигна во Париз за состанокот на европските лидери

Зеленски пристигна во Париз за состанокот на европските лидери

Киев, 26 март 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Париз во пресрет на европскиот самит за Украина, кој е закажан за утре, потврди неговиот портпарол.

Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе биде домаќин на група европски лидери за да разговараат за Украина и безбедноста во Европа.

Овој самит е продолжение на собирите на Макрон на европските и НАТО лидерите во февруари и март, каде што разговараа за безбедносните гаранции за Украина.

Се очекува Зеленски да има средба со Макрон во текот на денот. паг/

Фото: ЕПА




Остани поврзан