• петок, 05 декември 2025

Зеленски по средбата со Трамп: Разговаравме за прекин на огнот и вистински мир

Зеленски по средбата со Трамп: Разговаравме за прекин на огнот и вистински мир

Хаг, 25 јуни 2025 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека имал „долга и суштинска средба“ со американскиот претседател Доналд Трамп.

- Ги опфативме сите навистина важни прашања“, напиша тој, изразувајќи благодарност до „претседателот и до Соединетите Држави.

Зеленски информира дека разговарале за тоа „како да се постигне прекин на огнот и вистински мир“ и „како да се заштити украинскиот народ“.

- Ги цениме вниманието и подготвеноста да помогнете да се приближи мирот, нагласи Зеленски.

Тој најави дека подоцна ќе следат детали за средбата. јт/

Остани поврзан