• вторник, 24 декември 2024

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

Киев, 2 мај 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан