• сабота, 16 ноември 2024

Зеленски од сојузниците бара дозвола за напади на цели во Русија

Зеленски од сојузниците бара дозвола за напади на цели во Русија

Киев, 14 август 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сојузниците да дозволат напади со оружје со долг дострел врз цели во Русија.

Колку похрабри се одлуките на нашите сојузници, толку помалку (рускиот претседател Владимир) Путин може да направи, изјави Зеленски за време на своето редовно вечерно обраќање.

Тој исто така го пофали „добриот напредок“ на Украина во руската област Курск, истакнувајќи дека Киев ја постигнува својата стратешка цел. ссм/

Остани поврзан