• понеделник, 16 декември 2024

Зеленски: На Украина и се потребни седум милијарди долари месечно

Зеленски: На Украина и се потребни седум милијарди долари месечно
Киев, 21 април 2022 (МИА) - На Украина и се потребни седум милијарди долари месечно за да функционира и да ги компензира економските загуби, нанесени од Русија, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски. Ова е зголемување во споредба со претходната проценка на Киев од пет милијарди долари месечно. Во разговорот со челниците на ММФ и Светската банка преку видео врска, Зеленски рече дека „руското оружје е насочено кон уништување на сите локации во Украина кои можат да послужат како економска основа за живот и развој. Ова ги вклучува железничките станици, магацините за храна, рафинериите за нафта и фабриките“. ссм/

Остани поврзан