• петок, 08 ноември 2024

Зеленски: Најверојатно цел на руските дронови била нуклеарната централа Хмелницки

Зеленски: Најверојатно цел на руските дронови била нуклеарната централа Хмелницки

Киев, 26 октомври 2023 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во нападот на руските беспилотни летала денеска во областа Хмелницки, најверојатно цел била областа на истоимената нуклеарна централа.

„Најверојатно цел на овие напади е нуклеарната централа Хмелницки. Ударниот бран од експлозијата ги потресе прозорците, вклучително и просториите на нуклеарната централа“, рече Зеленски.

Според него, секој руски напад, особено оној што се осмелува да ги таргетира нуклеарната централа и другите клучни објекти, е доказ дека притисокот врз Русија е недоволен.

Силните експлозии во близина на местото на нуклеарната централа „Хмелницки“ ги оштетија прозорците, но не влијаеја на работата на централата или нејзиното снабдување со електрична енергија. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан