• понеделник, 23 декември 2024

Зеленски: Мора да дејствуваме брзо за да ги намалиме тензиите

Зеленски: Мора да дејствуваме брзо за да ги намалиме тензиите
Париз, 16 април 2021 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Париз изјави дека нема време за губење кога станува збор за решавање на затегнатоста во источниот дел на земјата. Зеленски рече конфликтот во источна Украина, кој почна пред седум години по руската анексија на Крим, не е проблем само за Киев. - Сега треба да дејствуваме многу брзо, разбирам дека ова е наш проблем, но мислам дека не е само наш проблем, туку станува збор за безбедноста на Европа, рече тој за Евроњуз. Тој додаде дека мора брзо да се премине од зборови на конкретни дела. Зеленски денеска во Париз разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон, а канцеларката Ангела Меркел учествуваше на состанокот преку видео-врска. Тројцата државници изразија загриженост за распоредувањето на руската армија на границата со Украина. јт/

Остани поврзан