• понеделник, 16 декември 2024

Зеленски: Извозот по Црноморскиот коридор за жито достигна 12 милиони тони

Зеленски: Извозот по Црноморскиот коридор за жито достигна 12 милиони тони

Киев, 28 декември 2023 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека извозот по Црноморскиот коридор за жито достигна 12 милиони тони.

Коридорот беше лансиран по повлекувањето на Русија од договорот постигнат со посредство на ОН со кој се гарантира извозот на украинското жито преку пристаништата на Црното Море.

Зеленски изјави дека од јули досега, 12 милиони тони стока се транспортирани по алтернативниот коридор.

Тој додаде дека коридорот доведе до „особено значајни резултати во декември и тоа се чувствува на ниво на целата наша економија“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан