• понеделник, 23 декември 2024

Зеленски: Деминирањето на Украина ќе трае со години

Зеленски: Деминирањето на Украина ќе трае со години

Киев, 13 август 2023 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека чистењето на украинската земја од руски мини би требало да трае со години, а не со децении.

Зеленски во видео порака рече дека за деминирање потребна е опрема од партнерите, но дека исто така многу важно е да се создаде производствена база во Украина.

„Секој ден нашите експерти откриваат стотици експлозивни предмети. Колку повеќе возила и специјални дронови за расчистување мини имаме, толку поактивно ќе можеме да ја вратиме безбедноста“, посочи Зеленски.

Тој изјави дека во моментов 174.000 квадратни километри од Украина се потенцијално опасни поради неексплодираните мини. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан